МОСТ со 3.300 набљудувачи на предвремените парламентарни избори 2016

Скопје, 28 октомври 2016 (МИА) - Во функција на спроведување фер и демократски избори граѓанската асоцијација МОСТ објави дека започнува со набљудување на предвремените парламентарни избори 2016 и за таа цел на денот на изборите ќе бидат ангажирани околу 3.300 набљудувачи на целата територија на Македонија.

Претседателот на МОСТ Дарко Алексов, на денешната прес-конференција, рече дека за сеопфатна оценка на текот на изборите набљудувачите на МОСТ ќе ги следат текот на изборната кампања, работата на изборните органи, предвременото гласање, како и процесот на одлучување по приговорите.

- За таа цел 80 набљудувачи се веќе распоредени во сите општини во државата и ги следат активностите на политичките партии и државните институции, како и работата на изборните органи, рече Алексов.

Од денеска, продолжи Алексов, започнува јавниот увид во Избирачкиот список, кој ќе трае до 11 ноември и МОСТ ги повикува граѓаните да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија, како и на интернет страницата http://izbirackispisok.gov.mk.

Граѓаните ќе можат да пријават било какви нерегуларности на бесплатната телефонска линија 080 080 080.

МОСТ, во рамки на кампањата за промовирање на заштита на избирачкото право, слободата и тајноста на гласот, промовираше и видео „Твојот глас е само твое право“.

Проектот „Домашно набљудување на предвремените парламентарни избори 2016“ досега е поддржан од Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, УСАИД, Швајцарската агенција за развој и соработка, Амбасадата на Кралството Холандија и Националниот фонд за демократија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...