Меморандум за соработка меѓу македонската и молдавската федерација на фармери

Скопје, 28 октомври 2016 (МИА) - Меморандум за партнерство и соработка меѓу Федерацијата на фармери на Република Македонија и и Националната федерација на фармерите на Молдавија денеска во Кишињев потпишаа претседателите на двете федерации Никола Стаменов и Валериу Косарциук. Организациите со Меморандумот се согласија да влезат во партнерство со цел да се придонесе за подобрување на економската состојба на мали и средни земјоделци во Молдавија и во Македонија преку градење на нивните менаџерски и маркетинг капацитети и подобрување на трансфер на знаење, размена на искуства, добри практики, експертиза..., соопшти ФФРМ.

Оттаму информираат дека една од целите на Меморандумот е зголемување на благосостојбата на руралното население и развој на земјоделството во контекст на усогласување на законодавството, подобрување на соработка и трансфер на добри практики меѓу фармерите од Македонија и Молдавија; пренесување на искуства и добри практики меѓу Македонија и Молдавија; зголемено присуство на нашиот агро-производи на во Молдавија и обратно.

- ФФРМ и НФФМ се согласија да се организира конгрес на почетокот на следната година за формирање на платформа на земјоделски организации од Југоисточна Европа и да се испрати порака до ЕУ дека овие земји, исто така, се дел од ЕУ, а не држави каде што голем дел од населението мигрира во европските држави, но, исто така и како земји на кои им треба поддршка од ЕУ за економски развој, особено земјоделството како главна сектор во овој дел од ЕУ, каде што се произведува  храна и да се воспостават добри односи со ЕУ и еден ден да станат членови на семејството на ЕУ, се вели во соопштението од ФФРМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...