Звучен сигнал на семафори за лицата со оштетен вид во Кавадарци

Кавадарци, 28 октомври 2016 (МИА) - Во Кавадарци започна да се реализира проектот за поставување уреди за звучни сигнали на семафорите, со кои се олеснува движењето на слепите лица.

Кавадаречкиот градоначалник Александар Панов информираше дека звучни уреди веќе се поставени на една раскрсница во градот. Ќе се инсталираат звучни сигнали и на другите раскрсници.

- Ова беше барање на Здружението на слепи лица од Кавадарци и еве на радост на сите оние кои имаат вакви проблеми, нашиот традиционален соработник компанијата Електрософт, донираше звучни уреди за семафори. Ова е само почеток. Исти вакви донирани уреди,  ќе има и на соседната раскрсница. Ќе ја разгледаме и можноста тоа да го реализираме на сите раскрсници во градот, со издвојување на определена сума финансиски средства од локалниот буџет, соопшти тој.

Нагласи дека локалната самоуправа и понатаму ќе се грижи за овие лица, во рамките на можностите.

Благодарност за звучниот сигнал на семафорите  за лицата со оштетен вид,   изрази Султана Јошева, претседател на Здружението на слепи лица од Кавадарци.

- За нас слепите лица ова е многу значајно. Тоа значи олеснување на нашиот секојдневен живот и подобро извршување на нашите вообичаени потреби, рече Јошева, нагласувајќи ја успешната соработка со општината и градоначалникот.

Таа информираше дека годинава заедно со локалната самоуправа реализираат проект   за општокорисна работа, кој е многу значаен за слепите лица. Очекуваат соработката со општината да продолжи и понатаму.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...