Продолжува судењето за „Дива населба“ зад затворени врати

Скопје, 7 ноември 2016 (МИА) - Ново судско рочиште против обвинетите за тероризам во случајот „Дива населба“ денеска продолжува во големата сала на Врховниот суд.  Судењето е затворено за јавноста бидејќи ќе бидат презентирани транскрипти и извештаи од посебните истражни мерки на Управата за безбедност и контраразузнавање.

Засилени безбедносни мерки во и околу Судот, како и на локалните сообраќајници се преземени и денеска. Местото околу Судот го надлетуваа и полициски хеликоптери. 

Судската постапка се води против 29 лица, дел од т.н. „Кумановска група“ кои се обвинети за тероризам и терористичка организација за настаните поврзани со случувањата од 9 и 10 мај 2015 година во Дива населба во Куманово. Случајот подоцна се спои со „Молња“ во кој се води постапка против осум лица помагачи на вооружената група од Дива населба.

На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...