Скопје го одбележува Денот на ослободувањето

Скопје, 13 ноември 2016 (МИА) - Со повеќе културни, хуманитарни и спортски манифестации денеска ќе биде одбележан 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје.

По тој повод, градоначалникот Коце Трајановски ќе се сретне со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борци од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.

Потоа делегација на Град Скопје ќе положи цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски на Градските гробишта „Бутел“.

Во 11:30 часот, пред Споменикот на ослободителите на Скопје, на платото пред Владата високи државни делегации, борци од НОВ, претставници од Армијата на Република Македонија, од општините на Град Скопје, членови на други институции, како и официјалната делегација од Град Скопје ќе положат цвеќиња.

Настаните за чествување на Денот на ослободување на Скопје, ќе продолжат вечер во Македонската опера и балет, каде ќе биде доделена наградата „13 Ноември“ на Град Скопје и ќе бидат изложени дела од 11. Меѓународна ликовна колонија „Скопје 2016“. Ќе настапи хорот „Св. Злата Мегленска“, а потоа ќе биде изведена оперетата „Глорија“.

Од спортските манифестации, за денеска се предвидени традиционално искачување на врвот Љуботен, меѓународен ватерполо турнир и ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје“.

Овој месец се одржаа традиционален шаховски турнир на пензионерите од Скопје и Меѓународен шаховски турнир на слепи и лица со оштетен вид, турнир во мал фудбал, одбојка и шах на јавните претпријатија во Град Скопје, меѓународен кугларски турнир „Скопје Опен 2016“, карате турнир „13 Ноември“, меѓународен боксерски турнир „Златниот гонг“.

Во петокот се одржа и традиционалната крводарителска акција на Црвениот крст на Град Скопје.

На 13 ноември пред 72 години борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.

По неколкудневни тешки борби со припадниците на 22-та гренадирска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“ која беше распоредена пред Качаничката клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...