ДИК до полноќ треба да ги потврди кандидатските листи за пратеници

Скопје, 13 ноември 2016 (МИА) - Државната изборна комисија денеска до полноќ треба да ги разгледа и потврди кандидатските листи за пратеници за претстојните парламентарни избори закажани за 11 декември.

Доколку се констатираат неправилности, учесниците во изборите треба да ги отстранат во рок од 48 часа. Жребувањето за редоследот на листите треба да се одржи на 20 ноември.

До петокот до полноќ до ДИК доставија кандидатски листи коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, опозициската коалиција предводена од СДСМ, Коалицијата за промени и правда, Коалицијата ВМРО за Македонија и Коалицијата „Алијанса за Албанците“ која ја сочинуваат Движењето за реформи - ДПА, УНИТЕТИ и НДР, како и партииите ДУИ, ДПА, ПДП, ЛП, Левица, СДПМ и Беса и НДМ.

Кај Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, носител на кандидатската листа во Првата изборна единица е Никола Поповски, во Втората е предложен Никола Тодоров, а во Третата Илија Димовски. Листата на коалицијата во Четвртата изборна единица ја предводи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, прв на листата во Петтата изборна единица е Антонио Милошоски, во Шестата Влатко Ѓорчев, а во Седмата изборна единица Рамазан Ифтаровски.

Коалицијата на СДСМ во првата ИЕ ја предводи Стево Пендаровски, а во втората ИЕ Оливер Спасовски. Во третата ИЕ носител е Љупчо Николовски, во четвртата претседателот на СДСМ Зоран Заев, петтата Радмила Шеќеринска, а во шестата Петре Шилегов.

Носител на листата на ДУИ во првата ИЕ е Артан Груби, во втората Ејуп Халими, во третата ИЕ Нафи Дурмиши, а во четвртата Артин Спахиу. Во петтата ИЕ прв на листата е Агим Шаќири, во шестата лидерот на партијата Али Ахемти, а во седмата Џевдет Спахиу.

Кај ДПА прв на листата во ИЕ 1 е Идриз Орана, во ИЕ 2 Орхан Ибраими, а Сами Рушити ИЕ 3. Во петата Изборна единица носител е Адриан Хусеини, а претседателот на ДПА Мендух Тачи е прв на листата во шестата изборната единица.

Листата на Коалицијата за промени и правда во првата ИЕ ја предводи претседателот на ДС, Павле Трајанов, а во втората, претседателот на ФРОДЕМ Јове Кекеновски. Во третата ИЕ прва на листата е Весна Стоименовска од ДС, четвртата Слободан Богоевски, петтата Александар Делов од ФРОДЕМ, а шестата Бранко Мајсторовски од Моро - РП.

Носител на листата на Коалицијата ВМРО за Македонија во првата изборна едница е Ден Дончев, во втората Љупчо Балковски, а во третата претседателот на „Достоинство“ Стојанче Ангелов. Листата во четвртата ИЕ ја предводи лидерот на ВМРО Народна партија Љубчо Георгиевски, во петтата претседателот на Обединети за Макеоднија, Љубе Бошковски, во шестата Зоран Велковски, а во седмата Стојадин Наумовски.

Од „Левица“ во првата изборна единица носител е Димитар Аспатиев, во втората Трајче Стојанов, а во третата Марија Џонс. Четврата изборна единица ја предводи Митко Николов, а петата Здравко Савевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...