Научна расправа за судско одмерување на казните

Скопје, 23 ноември 2016 (МИА) - „Судско одмерување на казните и практична примена на алтернативните мерки во македонското законодавство“ е темата на научната и стручна расправа што ја организира денеска Здружението за кривично право и криминологија на Македонија (ЗКПКМ) во соработка со Здружението на судии и Германската фондација за меѓународна правна соработка.

Целта на расправата е да се анализираат предностите и предизвиците при практичната примена на законот во насока на воедначување на казнената политика, како и примената на алтернативните мерки во судската практика на Република Македонија.

Ќе учествуваат домашни и странски експерти (универзитетски професори и практичари) кои преку дебата со релевантни правници и претставници од правосудството ќе подготват препораки и предлози од конференцијата.

По завршувањето на расправата, со цел подигнување на свеста кај експертската јавност во однос на овие прашања, ќе биде издаден нов број од Македонската ревија за казнено право и криминологија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...