Регионална конференција „ИКТ во агробизнисот“

Скопје, 23 ноември 2016 (МИА) -   Како фармерите и агрокомпаниите да ги стават технологиите во фунција на поголема конкурентност и профитабилност, е едно од прашањата на кои треба да одговори конференцијата што денеска и утре во Скопје ја организира Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ).


Целта на конференцијата „ИКТ во агробизнисот“, е да се зближат двете индустрии за подобро да ги разберат своите потреби и барања. 

Според МАСИТ, иницирањето дијалог меѓу ИКТ и агробизнис заедниците е голем предизвик. Затоа, ќе бидат покренати прашањата како двете индустрии да соработуваат повеќе и како да постигнат максимален бенефит од остварената соработка. 

Една од клучните теми ќе биде и како ИКТ може да им помогне на земјоделците да го развијат својот бизнис.

На конференцијата се предвидени Б2Б состаноци, презентации на експерти од ИКТ и агросекторот, споредба меѓу светските и домашните трендови, како и панел дискусија на тема „Простор за решавање на јазот помеѓу ИКТ и агробизнисот“.

Се очекува присуство на околу 200 учесници, претставници од ИКТ и агрокомпании,  финансиски сектор, државни институции, донаторски организации, како и експерти од областа на ИКТ и агробизнисот

На отворањето на конференцијата е најавено обраќање на министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска.

Конференцијата се организира во соработка со АгФутура Технологии и ПроКредит Банка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...