Објавен турски превод на романот „Зад аголот“ на Томислав Османли

Скопје, 23 ноември 2016 (МИА) - Издавачката куќа „Библион“ од Истанбул го објави преводот на романот „Зад аголот“ од Томислав Османли на турски јазик. Романот, кој на македонски е објавен од „Магор“ во 2012 година, на турски го преведе  Мехмед Јонуз.

По бројните објави на „Дваесет и првиот“, претходниот награден роман на Османли, ова е прва меѓународна објава на неговиот втор, структурно покомплексен роман.

„Зад аголот“ развива девет линии на дејства од кои дел се преплетуваат, а дел се продолжуваат, при што неговиот хронотоп има опфат од јонската и атичката антика, до современа Европа, Азија и Америка со фокус врз 1999 година, односно до математички и симбилички последната година на минатиот век. 

Во годината кога се појави, романот „Зад аголот“ на Османли беше финалист на сите домашни прозни награди.

Објавувањето во Истанбул е со поддршка на Министарството за култура на Република Македонија преку конкурсот за субвенционирање странски издавачи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...