Водостопанство „Брегалница“ Кочани побарува 59 милиони денари за воден надоместок

Скопје, 23 ноември 2016 (МИА) - Водостопанство „Брегалница“ Кочани со успех ја заврши наводнителната сезона 2016 година, при што беа наводнувани 8.300 хектари во атарите на Виничко, Кочанско, Штипско и Светиниколско.

Директорот на Водостопанство „Брегалница“ - Кочани, Николчо Гоцев денеска на прес-конференција истакна дека за таа цел биле потрошени над 85 милиони метри кубни вода од акомулацијата Калиманци преку десниот и лев магистрален канал на хидросистемот Брегалница. Сезоната, посочи, е успешно завршена, но останаа долговите на земјоделците за неподмирен воден надоместок, кој во овој момент изнесува 59 милиони денари.

- Во моментот ги изготвуваме фактурите за настанатиот долг по однос на искористената вода од системот и истите ќе бидат доставени до секој водокорисник кој ќе треба во рок од 15 дена да ги помири своите обврски кон Водостопанство. Годинава со нивна поддршка и со наша работа успеавме да ги помрднеме работиве од мртва точка и за среќа наша и нивна, работите почнаа да излегуваат на виделина односно многу заборавени работи почнаа да функционираат, рече Гоцев.

Таков пример, појасни, е со ставањето во функција на дел од левиот магистрален канал во општина Зрновци кој годинава откако беше исчистен беше во употреба и земјоделците ја користеа водата за наводнување на полињата кои последниве десетина години беа запустени поради негово нефункционирање.

Додаде дека нивна заложба е до почетокот на наредната наводнителна сезона левиот магистрален канал од Зрновци, преку Мородвис и Видовиште до Теранци, целосно да биде исчистен и ставен во фукнција. Со тоа, нагласи, ќе се зголемат површините за над 600 хектари на кои на најголем дел од нив се планира производство на оризова култура.

Инаку Водостопанство на Македонија подружница Брегалница од Кочани работи и на санирање односно реконструкција на дел од левиот магистрален канал. Тендерската постапка за реконструкција на каналот е завршена и во тек е потпишување на договорите.

Гоцев информираше дека тендерот го има добиено фирмата „Хидроелектроинженеринг“ за изготвување на проектната документација, а за ревизија го има добиено Градежниот институт на Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...