Милошоски најави проекти од изборната програма наменети за пензионерите

Битола, 25 ноември 2016 (МИА) - Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите за 10,25 насто, изјави Антонио Милошоски, носител на кандидатската листа за пратеници во Изборната единица 5. 

На денешната средба со битолските пензионери тој најави и други проектни активности како континуитет на досегашната соработка и поддршка на организацијата на пензионерите во Битола.

- Во наредниот период ќе ги зголемиме пензиите за 10,25 насто, програмата за бањско-рекреативно одење на пензионерите на бањи ќе важи за 22.000 пензионери и, исто така, ќе бидат овозможени рекреативно туристички викенди за 15.000 пензионери. Новина е воведувањето на проектот бесплатно вакцинирање на пензионери со најниски примања. Сметаме дека пензионерите освен што се важен дел за нас како политичка партија, туку се уште поважен дел за нивните семејства на коишто им помагаат толку колку што се може, рече Милошоски.

На денешната предизборна посета во Битола, Милошоски потврди дека во овој град ќе биде изграден голем спортски центар со затворен базен, спортска сала со 6.000 седишта, сала за борачки спортови и за гимнастика, а во текот на следната година ќе почне изградба на планинарскиот дом „Копанки“ на Пелистер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...