Облачно време, попладне и во текот на ноќта дожд

Скопје, 26 ноември 2016 (МИА) - Времето во Македонија утрово е облачно, само во источните делови на места е умерено облачно. Во Пелагонија и во Претор има магла со ограничена хоризонтална видливост од 50 метри, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во 7.30 часот најниска темпертаура од минус четири степени е измерена во Берово. Нула степени се измерени во Тополчани, Крива Паланка и Ѓуриште, еден степен во Прилеп, Пожаране и Гевгелија, два во Тетово и Битола, три степени во Штип, Дојран и Куманово, четири во Маврово, Демир Капија, Скопје Струмица и Претор и пет степени во Охрид, Лазарополе и Крушево.

УХМР за денеска најави променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне почнувајќи од запад ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират и во останатите подрачја. Максималната температура ќе се движи од 8 до 14 степени.

Во Скопје претежно облачно со слаба магла. Во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Максималната температура ќе достигне до 9 степени. Утре ќе се задржи променливо облачно и се уште релативно топло време, петпладне со локален слаб дожд.

Од понеделник под влијание на влажна и студена воздушна маса од север ќе има врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер кој ќе предизвика значителен пад на температурата. Попладне врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег. Врнежите повеќе ќе бидат застапени во централните делови од земјата. Во вторник и среда ќе биде студено и ветровито со провејување на снег и во пониските делови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...