Ќе се изградат нови и комплетно ќе се рехабилитираат многу автопати

Куманово, 29 ноември 2016 (МИА) - Рехабилитацијата на автопатската делница Куманово-Миладиновци ќе заврши до 2017 година. На овој потег се рехабилитираат двете коловозни ленти во должина од 22,5 и 22,3 километри.

Ова денеска го најави носителот на листата од втората изборна едница од Коалцијата „За подобра Македонија“, Никола Тодоров кој заедно со кандидатите за пратеници, беше на автопатската делница Куманово-Миладиновци.

Тој презентираше и дел од проектите опфатени во програмата „Реално“ кои се однесуваат на изградба и рехабилитација на автопатите во Македонија.

- Покрај, комплетната изградба на нови автопатишта од Скопје до Блаце, од Требеништа до Струга и од Кичево до Гостивар, ќе извршиме комплетна рехабилитација на автопатот од Куманово-Миладиновце и Миладиновце - Куманово и левата и десната коловозна лента 22,5 и 22,3 километри во вредност од 10,6 милиони евра, рече Тодоров.

Најави дека ќе биде извршена и рехабилитација на патот од Неготино до Демир Капија, двете коловозни ленти и левата и десната, во вредност од околу пет милиони евра.

- И Куманово-Миладиновце и Неготино-Демир Капија ќе бидат готовои со рехабилитација до крајот на 2017-та година. Исто така, се планира и рехабилитација на дел од автопатот од Велес до Градско, само средната коловозна лента, потенцира Тодоров.

Додаде дека со тоа ќе се изградат нови и комплетно ќе се рехабилитираат многу фрекфентни автопатишта, со кои, нагласи, сериозно ќе се подобри патната инфраструктура во Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...