СДСМ го подметна сценариото со избирачкиот список за да иницира криза

Скопје, 29 ноември 2016 (МИА) - Тврдењата на СДСМ за половина милион фантомски гласачи на Избирачкиот список беа со цел да се иницира криза во земјава која потоа би отворила простор за воведување двојазичност, кантонизација и промена на Уставот, смета ВМРО-ДПМНЕ. 

-  Веќе нема ниту најмала дилема дека срамни и безочни беа лагите дека немало повеќе од 1,5 милиони избирачи. Веќе нема ниту најмала дилема дека СДСМ го подметна сценариото со избирачкиот список само за да иницира криза која потоа би отворила простор за реализирање на големиот план на Зоран Заев, план кој подразбира воведување на двојазичност, кантонизација и промена на Уставот. План кој Зоран Заев го најави пред албанската дијаспора во Швајцарија, вели ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение домедиумите.

Со затварањето на Избирачкиот список,нагласува, се затвори и едно од најсрамните поглавја во историјата на независна Македонија, во кое СДСМ цели две години ја лажеше и манипулираше македонската јавност дека имало половина милион фантоми.

- Измислените половина милион фантоми беа главниот аргумент на СДСМ да ја оспорува волјата на народот од изборите во 2014 година и да ја втурне Република Македонија во најголемата политичка криза. Новиот избирачки список има 5.000 повеќе гласачи од Избирачкиот список во 2014 година. Составот на ДИК во кој мнозинство има токму СДСМ потврди дека Избирачкиот список сега брои 1.784.524 избирачи за разлика од списокот во 2014 година кој броеше 1.779.500 избирачи, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Единствената забелешка која СДСМ ја достави до ДИК, се додава, беше листа со 38 имиња на граѓани кои починале, а кои веќе биле избришани од Избирачкиот список.

- На 11 декември народот масовно и рефендумски ќе му порача на Заев дека никој никогаш не смее да помисли заради ситни политички или лични интереси да тргува со највисоките национални интереси, се потенцира во соопштението до ВМРО-ДПМНЕ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...