На Табановце пронајдена дрога во возило

На граничниот премин Табановце откриени се околу осум килограми тревкаста материја, најверојатно марихуана, во автомобил „смарт“ со албански регистарски таблички.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека возилото било управувано од 56-годишниот албански државјанин Б.О, а тревкастата материја била сокриена во бункер од левиот и десниот праг од возилото.

Дрогата била спакувана во 27 пакетчиња со различна големина, облепени со кафеава селотејп трака.

Во разговор со осомничениот утврдено е дека за паричен надомест од 4.000 евра, со лица од Албанија се договорил да пренесе поголема количина на наркотична дрога од Албанија за Чешка.

Царинската управа информира дека против сторителот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...