Научна средба за Св. Климент Охридски по повод патронатот на НУБ

Скопје, 6 декември 2016 (МИА) - Делото на Свети Климент е најчистиот кладенец од кој нашиот род веќе 11 векови ја обликува својата духовност и црпи благодатни сили. 

Ова денеска го истакна директорот на НУБ „Св.Климент Охридски“-Скопје, Иван К.Заров пред почетокот на 9. Научна средба на тема „Свети Климент Охридски - 1100 години духовен светилник“, организирана по повод патрониот празник на Библиотеката.

Посочи дека во оваа јубилејна година кога ја чествуваат 1100-годишнината од упокојувањето на Св.Климент Охридски не може, а да не ја подвлече онтолошката нишка со која ние неговите потомци и следбеници кореспондираме со неговиот духовен завет, обликувајќи го сопствениот светоглед и однос кон традицијата преку никогаш непрекинатиот духовен дијалог со минатото кој е секогаш актуелен и отворен за современа интерпретација.

- Во тој дух е и годинешната дветта научна средба во која се вклучени трудови од наши еминентни интелектуалци кои од различен дискус разгледуваат аспекти на Светиклиментовото дело кое верувам ќе поттикнат и разјаснат некои не до крај дефинирани аспекти поврзани со неговото дело, додаде Заров.

Ѓакон Дејан Борисов рече дека Свети Климент е примерот кој ние треба да го следиме и треба на нашите поколенија да го пренесеме како што тој ни го пренел нам преку пример.

На научната средба учествуваа професори и познавачи на делото на големиот просветител: Стојан Ристески, Елизабета Димитрова, Ѓоко Ѓорѓевски, Милош Линдро и Ана Ѓорѓевиќ.

Во рамки на свеченоста беше отворена и изложба на избрани публикации со текстови од св. Климент Охридски и книги и статии посветени на неговото творештво објавени во Македонија и странство, заедно со неколку уметнички дела на кои е претставен неговиот лик.

Во рамки на програмата за одбележување на патронатот настапи Византискиот женски црковен хор од црквата „Св. Петка“ во Скопје. Како и во минатите години, по повод патронатот беа доделени и традиционалните награди за вработените и беше положено цвеќе на споменикот на свети Климент Охридски во дворот на библиотеката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...