Промовирана „Македонска национална програма“ од Стефан Влахов Мицов

Скопје, 6 декември 2016 (МИА) - Книгата „Македонска национална програма“ од Стефан Влахов Мицов денеска беше промовирана во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“, во Паркот на книгите. Издавач е „Матица македонска“, а делото е отпечатено во тираж од пет илјади примероци. 

Книгата ја промовираа проф. д-р Драгица Поповска и публицистот и дипломат Ристо Никовски. Никовски истакна дека Македонија долги години немала автор како што е Мицов и додаде оти книгата треба да ја прочита секој заинтересиран за историјата и за политиката.

- Пред нас е нова, брилијантна анализа на македонското битисување низ вековите и милениумите. Стефан Влахов Мицов очигледно има раскошен талент и сознанија од историјата. Темите кои ги обработува и за нас се исклучително значајни, ги третира со таква широчина и длабочина, што мора да импресионира, рече Никовски. 

Поповска се осврна на богатата библиографија на авторот, на повеќе од 20 книги. Според неа, во најновото дело на Влахов јасно се воочува желбата за зачувување на македонските специфики. 

- Најефективниот начин за зачувување на македонските интереси, во локални и светски рамки, авторот го гледа во единството на тријадата-македонска држава, македонски малцинства и македонска дијаспора, рече Поповска. 

Авторот Мицов истакна дека книгата е наменета за сите читатели и содржи предлози за внатрешната и надворешната политика. 

- Книгата ги содржи националните програми на Балканот од 18 век, програмите во 90-тите години на балканските соседи, како и тоа зошто ние немаме национална програма, каква е спецификата на македонската историја, македонската психа, каква мора да биде според мене македонската национална програма и на крајот на 7-8 страници има предлог за македонската национална програма, рече Мицов. 

На промоцијата присуствуваа архиепископот македонски и охридски г.г. Стефан, колеги на Мицов, писатели, читатели...

Влахов-Мицов (1956) е автор на научно-истражувачки опус, а негови најзначајни дела се: „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“, „Држава како се гради и брани“, „Балканска психологија – државници и марионети“, „Творечки дострели во македонски дух“ и „Филозофија на балканскиот пекол“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...