Есенска дератизација против глодари во Ресен

Ресен, 6 декември 2016 (МИА) - Јавната здравствена установа Центар за јавно здравје – Битола денеска спроведува есенска дератизација за уништување глодари во општина Ресен.

Според соопштението на Центарот за јавно здравје, мамци за уништување глувци ќе бидат поставени во подземниот канализациски систем, јавната депонија и прифатниот канализациски систем на објекти од посебен јавен интерес: детски градинки, воспитно образовни институции, здравствени установи.

Активностите на терен, како што е наведено во информацијата, ќе ги вршат двајца санитарни техничари од Центарот за јавно здравје - Битола и по еден работник од локалното комунално претпријатие во Ресен.

- Активностите ќе се изведуваат во канализациските шахти поставени на коловозите, тротоарите и шахтите во околина на наведените објекти. Екипите и активностите на теренот ќе бидат обележани и заштитени со знаци за предупредување, се наведува во соопштението на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...