Речиси 300 лица со варичела во Кавадарци

Кавадарци, 7 декември 2016 (МИА) - Речиси 300 лица со овчи сипаници се регистрирани за два месеца во Центарот за јавно здравје Кавадарци. Како што информираше денеска Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог, меѓу овие 300 лица не се оние кои заболеле во Кавадарци и Росоман и се лекуваат во домашни услови. 

- Во октомври се евидентирани 140, а во ноември 138 пациенти со варичела. Ова е есенско зимски период кога вообичаено се појавуваат овчите сипаници, најчесто контактно по воздушно капков пат. Затоа бројките се очекувани, а тие варираат од ден на ден. Ситуацијата сепак не е се уште алармантна како во 2013 година, кога беше прогласена епидемија, а имаше околу 600 заболени за два три месеци, рече Јовановски.

Варичелата е најчесто присутна кај деца од претшколска и школска возраст. Јовановски препорачува заболените да се изолираат во домашни услови. Кај посериозните случаи, да се зема соодветна терапија по препорака од лекар.

- Ситуацијата се уште не е толку сериозна за да може да се прогласи епидемија. Ќе следиме како се движат бројките, па ќе реагираме соодветно, додаде Јовановски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...