Изградба на нови училишта, градинки и базен во општина Аеродром

Скопје, 7 декември 2016 (МИА) - Изградба на нов училишен објект за ОУ „Димитар Македонски“, спортска сала во ОУ „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче, комплетно ново средно училиште, затворен базен и пет детски градинки во општина Аеродром, најави Спиро Ристовски при денешната посета и средбата со жителите на оваа општина.

- Денеска сум во посета на Општина Аеродром, односно на неколку локации за изградба на објекти предвидени во рамки на Програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Реално“ за следниот мандат. Во населеното место Лисиче планирана е изградба на нов училишен објект за ОУ „Димитар Македонски“ соодветно на барањето на месното население, а и на потребите на учениците и наставниците, рече тој.

Информира дека е изработен комплетно нов проект за изградба на ново училиште за ОУ „Димитар Македонски“ врз основа на проектирана вредност од 1,2 милион евра, а средствата ќе ги обезбеди МОН. - Очекувам по завршување на изборниот процес и формирање на владата МОН веднаш да распише тендер за избор на фирма изведувач која што потоа ќе ги почне градежните активности, рече Ристовски.

Според него, станува збор за една исклучително значајна инвестиција заради тоа што постојниот училишен објект е стар и монтажен, изграден по земјотресот.

- Врз основа на планот и потребите за граѓаните на општина Аеродром предвидени се неколку значајни капитални проекти. Покрај ова основно училиште, планирана е и изградба на спортска сала во ОУ „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче, изградба на комплетно ново средно училиште што ќе влезе во рамки на средните училишта под Градот Скопје, а предвидена е и изградба на базен и на уште пет детски градинки со оглед на фактот што се зголемува бројот на семејства коишто се одлучуваат да живеат во рамки на општина Аеродром, рече Ристовски.

Информира и дека во рамки на Изборната единица 1, поточно во општината Студеничани е планирана изградба на уште едно училиште. Во населеното место Батинци, истакна, предвидена е изградба на нов училишен објект за учениците коишто во моментот одат во други училишта и неопходно е да бидат транспортирани и пренесувани во други населени места.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...