Честитка од премиерот Димитриев по повод Св. Климент

Скопје, 8 декември 2016 (МИА) - Претседателот на Владата Емил Димитриев упати честитка по повод празникот Св. Климент до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, до членовите на Синодот на Македонската православна црква и до сите православни верници, посакувајќи им среќа и душевен мир. 

- Славејќи го ликот и делото на Свети Климент, продолжува нашата традиција на народ кој умее да ги цени и почитува големите луѓе и големите дела од својата историја. Македонската историја векови наназад е испреплетена со мноштво на црковни и општествени дејци кои оставиле траен белег во сеќавањата на луѓето и трајни вредности во македонското културно издигнување. Меѓу сите нив, многу векови наназад, како еден од најпрепознатливите и најблиските до народот, останал да се памети и прославува големиот просветител Свети Климент Охридски, пишува Димитриев во честитката. 

Како и сите претходни години, наведува Димитриев, така и оваа година, да си спомнеме за Климентовото дело, за македонското проодување во верата, за нашата христијанизација, описменување и севкупно културолошко воздигнување. 

- Да си спомнеме и грижливо да си ги чуваме силните вредности кои ни ги оставил нашиот духовен великан. Да одбележиме и да се инспирираме од неговиот живот, од неговиот несекојдневен дух, карактер, посветеност, трпение и љубов кон луѓето. Да се помолиме за здравје, среќа и љубов помеѓу нашите граѓани, наведува премиееот Димитриев во честитката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...