На Пониква 50 сантиметри снег

Снежната покривка на Пониква на Осоговските Планини по обилните врнежи од снег ноќеска, достигна 50 сантиметри.

Патниот правец од Кочани до Пониква од синоќа е непрооден за сообраќај, поради големите навеви снег на одделни делници посебно над Шумската куќа. Неколкуте возила кои од изутринава се обидоа да тргнат кон Пониква се откажаа од намерата, бидејќи снегот создава дополнителни неприлики при возењето.

Од Македонија пат, Подружница Кочани најавуваат дека денеска по 12 часот ќе биде упатено едно возило за чистење на снегот од коловозот со што се очекува од попладне и овој патен правец да биде оспособен за сообраќај.

Инаку, на Пониква во неколку сместувачки капацитети зимскиот одмор во идилична зимска атмосфера го минуваат над стотина гости од земјава.

Проодноста на патиштата во Кочанско се проодни, но сообраќајот се одвива во зимски услови. Од утрово Македонија пат - Подружница Кочани го оспособи за сообраќај и патниот правец од Кочани кон општина Зрновци, а редовно се чистат и магистралните и регионални патни правци кон Виница и Македонска Каменица.

Од Центарот за управување со кризи во Кочани информираа дека нема блокирани села во планинскиот дел на осоговијата од снежните врнежи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...