Поради ниските температури Кавадарци трет ден се соочува со недостиг од вода

Кавадарци, 9 јануари 2016 (МИА) - Како резултат на прениските температури кои во регионот под Кожув достигнаа и до околу минус триесет степени, дојде до замрзнување на воздушните вентили од водоснабдителниот систем на регионалниот водовод „Лукар”. Ова е причината поради која Кавадарци веќе трет ден се соочува со недостиг од вода за пиење, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Александар Панов.
-Енормно ниските температури придонесоа ова замрзнување да се продлабочи и на деловите на мини централите на Јавното претпријатие „Комуналец”. Дојде до исфрлување на централите од употреба. Целокупното водоснабдување е насочено кон градот. Дополнителни педесет литри во секунда се пуштени од новиот водоснабдителен систем и очекувам во текот на денот или некаде околу седумнаесет часот, комплетно да се нормализира состојбата со водоснабдување на целиот град Кавадарци, нагласи градоначалникот.
Панов упати апел до сите водокорисници во овој период кога има енормно ниски температури да се воздржат од непотребно пуштање на славините од чешмите по двориштата. Напротив, тие чешми да бидат коммплетно исклучени.
-Тоа пуштање на чешмите со цел да не замрзнат, придонесува за енормна потрошувачка на вода во овој зимски период. Како последица на тоа доаѓа исто така до недостиг од вода за пиење прво во селата, а потоа и во градот. Затоа за солидно водоснабдување во градот и селата, треба да допринесат и самите водокоринсици, додаде тој.
За штетите што јавното претпријатие ќе ги претрпи заради неработењето на централите, рече дека се проблем на општината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...