ЕУ очекува брзо формирање нова влада на Македонија

Брисел, 9 јануари 2017 (МИА) - Откако претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска му го предаде мандатот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за составување нова влада, Европската унија излезе со повторен став дека очекува „брзо формирање на нова влада“, јави дописникот на МИА од Брисел. Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич го повтори ставот на неформалната Влада на ЕУ, даден уште ден по македонските парламентарни избори што се одржаа на 11 декември.

- Во оваа фаза, единствено што можам да кажам е дека ние одблиску ја следиме ситуацијата. Како што рековме во минатото, ние, во рамки на уставните рокови, очекуваме брзо формирање на нова стабилна влада. Ние, исто така, сакаме да видиме итна имплементација на реформите, решавање на прашањата за системското владеење на правото, исто и преку итните реформски приоритети и преку продолжена имплементација на претходните политички договори. Во овој контекст, ние ќе продолжиме да ја поддржуваме земјата на нејзиниот европски интеграциски процес. Тоа е се што можам да кажам во моментов, потенцираше Коцијанчич.

Овој став за изборите во Македонија претходно го искажаа и Федерика Могерини и Јоханес Хан, потпретседателката и комесарот на Еврокомисијата, кои исто така побараа „идната опозиција да игра конструктивна и активна улога во македонскиот Парламент“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...