Општи мерки за населението за превенција од сезонски грип

Комисијата за заразни болести потсетува на општите мерки за населението за превенција од грип кои беа утврдени на состанок одржан на 5 јануари 2017 година. Мерките се однесуваат на сите акутни респираторни заболувања и, како што наведува Комисијата, може да се од голема корист, особено ако се применуваат во текот на целиот зимски период:

- Да се избегнува собирање и престој во простории каде престојуваат повеќе луѓе, особено да се избегнува близок контакт со луѓе кои се болни или сомнителни - кашлаат, киваат, имаат покачена телесна температура.
- Често да се мијат рацете со вода и сапун или со дезинфекциско средство.
- Да се загреваат просториите за престој и често да се проветруваат.
- Препорачливо е топло, слоевито облекување, топли бањи.
- Да се пијат топли напивки (чаеви и супи), овошни цедени сокови, вода со лимон.
- Да се консумираат свежи продукти богати со витамини и минерали, најдобро овошје и зеленчук кои му се неопходни на организмот. Особено се пожелни продукти богати со витамин Ц (цитрони, лимони, портокали, пиперка). Доколку не се располага секогаш со свежи прехранбени продукти, може да се користат и мултивитамински таблетарни препарати и зајакнувачи на имунитетот.
- Практикување здрав начин на живот и здрави навики, вклучително добар сон и одмор, здрава храна, одржување на физичката и психичката активност, намалување на стресот. Силниот имунитет помага да се остане здрав или за полесно справување со грипот и заболувањата слични на грип.

Во случај на разболување од грип или од некоја друга вирусна инфекција слична на грип, Комисијата препорачува:

- Да се остане дома, да не се оди на работа, во училиште или на места каде има премногу луѓе.
- Одморање и земање многу течности и лесна храна.
- Избегнување блиски контакти со лицата со кои заедно се живее, да не се примаат посети додека трае заболувањето.
- Болниот да става маска/крпа на устата и носот кога контактира со блиските во домот, кога кашла и кива.
- Да се мијат рацете со топла вода и сапун - често и темелно, особено по кивање или кашлање.
- Да се користат влажни марамчиња кои содржат алкохол или средство за дезинфекција на рацете.
- Да се избегнува допирање на очите, носот и устата со раце.
- Отстранување или дезинфицирање на загадените предмети од околината адекватно.
- Често проветрување на просторијата каде болниот престојува додека е заболен.
- Одржување чиста околина - предмети, површини со средства за хигиена на домот.
- Доколку симптомите на болеста се влошуваат или траат повеќе денови, болниот од грип да побара лекарска помош.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...