Очната клиника доби најсовремен апарат за фако хирургија

Најсовремен апарат за фако интервенции е ставен во функција на Универзитетската Клиника за очни болести. Ваков апарат имаат само некои земји и е единствен во регионот.

Апаратот, кој е набавен од страна на Министерството за здравство, е во вредност од пет милиони денари и со него веќе се извршени осум интервенции.
Вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров денеска ја посети Очната клиника, по што изјави дека со апаратот ќе се овозможи намалување на ризиците и зголемување на ефикасноста на интервенциите, како и зголемување на бројот на интервенции кои ќе можат да се прават на таа јавна здравствена установа.

Покрај двата апарата кои ги има, посочи, овој ќе биде трет, што значи се зголемува и бројот на апарати на Клиниката. Според него, она што е најважно е дека се добива најсовремен апарат.

- Ваков апарат нема друг во Македонија. Ова е најсовремениот апарат за фако хирургија во Македонија. Со тоа Очната клиника ќе може да дава поголем број здравствени услуги од овој карактер односно ќе може да се прават поголем број интервенции на катаракта на Клиниката со што сериозно ќе се влијае на намалување на листата на чекање односно зголемување на бројот на интервенции на катаракта кои се прават во Република Македонија, рече Тодоров.

Потенцира дека на состанок со директорот и тимот на Клиниката се договориле од 2.500, бројот на интервенции да се зголеми на 4.700. Тоа, истакна, ќе се овозможи како резултат на новонабавениот апарат и нова организација која се договоривме да се направи на Клиниката.
- Во оваа бројка ќе влезат и интервенциите кои ги покрива Фондот за здравствено осигурување, но и интервенции кои ќе се прават приватно во текот на викендите или во попладневните часови согласно Законот за здравствена заштита кој ја овозможува дополнителната дејност, рече Тодоров.

Директорот на Клиниката за очни болести, Илијаз Исмаили рече дека апаратот е најнова технологија, кој бил претставен при крајот на 2015 година во Барселона и од минатата година само некои земји го имаат.
- Со ова на нашите пациенти ќе им излеземе во пресрет во нивната потреба за хируршката интервенција на катаракта. Ние ќе успееме да ја зголемиме и бројката на хируршки интервенции. Секоја година одиме над 20 отсто од планот кој го имаме за таа година. Со новиот апарат ќе успееме двојно да го зголемиме бројот на хируршки интервенции, посочи Исмаили.

Додаде дека сите луѓе по 40-тата година треба да направат преглед кај очен специјалист.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Машиновозачот Трпе го судат затоа што со цела композиција при голема брзина влегол во поле со пченка.
- Добро бре Трпе, како успеа со толкаво големо искуство, да излезеш од...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања. Оваа информација се однесува само за...
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...