Вонреден состанок на Кризниот штаб на Општина Велес

Велес, 11 јануари 2017 (МИА) - Да се преземат мерките од Здравствениот акциски план за фаза 1 кој предвидува препораки до јавноста со посебен акцент на најранливите групи, како и активирање на општите и специфичните мерки од здраствените, образовните и социјалните установи со цел редуцирање на ризиците, порачува Кризниот штаб на Општина Велес кој заседаваше по најавата за нов студен бран.

Во најавата што ја испрати Центарот за управување со кризи стои дека регионот на Велес деновиве ќе биде зафатен од екстремно ниски температури што е т.н. жолто ниво или фаза Алерт 1.

Кризниот штаб на Општина Велес препорачува и поактивен пристап кон старите осамени лица, социјално изолираните и бездомниците, обезбедување огрев, храна и лекови, домашни посети од страна на Црвениот крст и вклучување на локалната самоуправа и на центрите за социјални грижи во превентивните мерки.

На состанокот присуствувале претставници од повеќе институции. Договориле да се зголеми нивото на соработка за полесно справување со настанатите ситуации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...