На патиштата можна голомразица, забрана за камиони на Пресека и Маврово - ДебарСкопје, 12 јануари 2017 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег. АМСМ предупредува дека поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица. Забрана за движење на тешки товарни возила има на планинскиот премин Пресека и на патниот правец Маврово - Дебар каде за останатите возила е задолжително користење зимска опрема. АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на Евзони каде поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, се уште не е дозволен влез на товарни возила и автобуси во Грција.
|