ИЈЗ: Починаа две деца заболени од грип

Во текот на оваа недела регистрирани се два смртни случаи асоцирани со грип, информира Институтот за јавно здравје на Република Македонија, кој денеска го објави извештајот за состојбата со грип за периодот од 1 до 8 јануари.
Во извештајот се наведува дека станува збор за деца на возраст од 3 и 4 години од Кичево и Гостивар, кои биле хоспитализирани на Клиниката за детски болести – Скопје на Одделот за интензивна нега.

Во текот на првата недела од 2017 година, во Република Македонија пријавени се 8.067 новозаболени лица на групни пријави за заболени од грип, што претставува намалување од 14,9 отсто во споредба со минатата недела кога беа пријавени 9.485 случаи.

И оваа недела како и минатата, најголем број заболени 1.046 е регистриран на територијата на Центарот за јавно здравје Скопје, а поголем број на случаи пријавени се од центрите за јавно здравје Струмица - 935, Битола - 932 и Подрачната единица во Кавадарци - 764.

Како и претходната, во првата недела од 2017, најголем број заболени односно 70,4 отсто од сите случаи се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, што претставува лесно зголемување на процентуалното учество од претходната недела 65,9 отсто. Во пријавените случаи од првата недела, децата на возраст од 5-14 години учествуваат со 11,7 отсто, лицата над 65 години со 10,7 отсто, а најмал процент отпаѓа на децата од 0-4 години - 7,2 отсто.

Највисока инциденца од 500,0/100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст од 0-4 години, a кај децата на возраст од 5-14 години инциденцата изнесува 408,7/100.00. Во однос на претходната недела бројот на регистрирани случаи и инциденцата кај децата на возраст од 5-14 години е речиси двојно намален, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје на Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...