ДУИ: Партиите да прават рационални, а не емотивни проценки

Скопје, 13 јануари 2017 (МИА) - ДУИ денеска соопшти дека останува посветена на едно кохезивно општество, еднакво и интегрирано во евроатлантската заедница и ги повикува, како што стои, страните да делуваат со историска одговорност кон процесите со кои се соочува земјата и регионот при што треба да прават рационални, а не емотивно поттикнати проценки.
- Употребата на албанскиот јазик во согласност со Охридскиот договор и Уставот, еднакво со македонскиот јазик, го прави општеството посилно, пообединето и постабилно заокружувајќи ги на тој начин нормативните обврски од Охридскиот мировен договор. Владеењето на правото во земјата е обврска на сите политички партии и претставува предуслов за продолжување на евроатлантскиот пат, стои во соопштението.
Реформите во судството, транспарентноста и ревидирањето на спорните судски процеси, според партијата, се неопходна обврска за враќање на довербата на граѓаните кон системот.
- Од почетокот на политичката криза во земјата, ДУИ инсистираше на транспарентно затворање на процесот преку целосно обелоденување на скандалот со масовното и незаконско прислушување и преземање одговорност, стои во соопштението од партијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...