Охрид почнува со одбележувањето на Богојавленските празници

Охрид, 16 јануари 2016 (МИА) – Охрид е подготвен за прославувањето на големиот верски празник Богојавление – Водици и Денот на рибарите (Свети Јован), како датуми од календарот што привлекуваат поголем број гости во градот надвор од главната туристичка сезона.
Тридневните празнувања оваа година почнуваат утревечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ со промоцијата на документарниот филм „Танц со пастрмките“ и изложба на тематски подводни фотографии на охридскиот нуркач и инструктор Милутин Секуловски – Миќо.
На самиот ден на празникот „Богојавление“ на 19 јануари традиционално ќе се врши утрена богослужба и божествена литургија во сите парохиски цркви на Дебарско-кичевската епархија. Потоа верниците масовно заедно со свештениците се упатуваат на Градското пристаниште каде ќе бидат осветени водите на Охридското Езеро, а потоа ќе се положи и чесниот крст, предвидено за во 10 часот.
Нуркачите од Клубот за подводни активности „Амфора" го исчистија дното на Охридското Езеро на потегот пред Градското пристаниште каде ќе влегуваат верниците што ќе се обидат да го фатат Чесниот крст.
Она што оваа година е малку поразлично од изминатите неколку години е екстремно ниската температурата на водата во езерото со некаде околу шест степени Целзиусови. За безбедноста на капачите ќе бидат ангажирани екипи на Службата за итна медицинска помош и на Општинската организација на Црвениот крст, кои што ќе вршат и превентивни здравствени прегледи за сите што планираат да влегуваат во вода.
Празнувањата на Богојавленскиот водосвет во Охрид традицонално продолжуваат и на 20 јануари со славењето на Свети Јован Крстител или во градот уште препознатлив како Денот на рибарите, како потсетување на традицијата на капење на рибарите на денот кога се означувал крајот на мрестот на пастрмката и почетокот на сезоната на риболов. Во поново време на овој ден се одбележува почетокот на изловот на пастрмката за нејзино измолзување и вештачки мрест.
Манифестацијата оваа година ќе се одржува на локалитетот „Сараиште“, а целиот настан што е атракција за туристите што доаѓаат во Охрид, ќе биде збогатен со традиционалната подготовка на рибна чорба, пача, греана ракија и вино за посетителите, како и музичка програма за која оваа година ќе биде задолжен Ансамблот на староградска музика „Билјана-јуниор“.
Празникот Богојавление е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот означува соединување на човекот со Христа. Тој важи за еден од најголемите христијански празници. Со него завршуваат 12-те т.н. некрстени денови и циклусот зимски празници како Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и други. На Богојавление на полноќ се верува дека се отвора небото, се појавува Бог, а луѓето му се обраќаат за да им ги исполни нивните желби. Во тој миг водите престануваат да течат и стануват лековити.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...