Петта меѓународна конференција за културно наследство, туризам и медиуми

Охрид, 16 јануари 2017 (МИА) - Шеесетина експерти од 11 држави ќе учествуваат на Меѓународната конференција за културно наследство, туризам и медиуми што од утре по петти пат ќе се одржува во Охрид.
На собирот насловен „Светот што бега, течната модерност и преобликување на културните идентитеи, наследство, економијата, туризмот и медиумите“, ќе бидат претставени истражувања и сознанија од областа на антропологијата, етнологијата, социологијата, политичките науки, економијата, туризмологијата, комуникологијата, археологијата, историјата, историјата на уметност, филологијата, литературата, етномузкилогијата, архитектурата, музеологијата, педагогијата, информатичките науки, психологијата и од интердициплинарни помошни науки.
Конференцијата ја организира Институтот за социокултурна антропологија на Македонија и партнерите Универзитетот „Евро-Балкан“ од Скопје, Универзитетот „Селџук“ од Конија, Турција, и организацијата „Мирас“ од Баку, Азербејџан, а е поддржана од Македонската академија на науките и уметностите, Заводот за заштита на спомениците на културата и „Музеј-Охрид“ и Општина Охрид.
Во рамки на конференцијата утре во 12 часот во Спомен-домот на Христо Узунов ќе биде отворена изложба на фотографии и уметнички дела под наслов „Турското уметничко наследство“ изготвена од Центарот за истражување на турски ракотворби при Универзитетот „Селџук“ од Конија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...