Договор за соработка на охридскиот Хидробиолошки завод и Музејот на езерото Бива во Јапонија

Охрид, 16 јануари 2017 (МИА) – Договор за соработка утре ќе потпишат Хидробиолошкиот завод во Охрид и Музејот на езерото Бива од Јапонија, во насока на зајакнување на македонско – јапонската билатерална соработка во научната област, што ќе овозможи размена на научни искуства и заеднички проекти меѓу двете институции.
Според соопштението од Хидробиолошкиот завод во Охрид, предвидено е соработката да се одвива на две нивоа и тоа во научно – истражувачката дејност и на ниво на музеи. Во делот на научно-истражувачката соработка ќе се вршат заеднички испитувања на ретки ендемски видови и старост на езерата (Охридското Езеро припаѓа меѓу најстарите и најголеми езера во Европа, а езерото Бива претставува најголемото слатководно езеро во Јапонија), додека во делот на музејската соработка предвидено е претставување на Охридското Езеро во Музејот на езерото Бива. За таа цел, во постојаната поставка во Музејот на езерото Бива ќе бидат изложени фотографии, историски артефакти или реплики поврзани со животот на мештаните како чунови, јадици, мрежи, и други историски предмети поврзани со Охридското Езеро.
Договорот за соработка утре ќе го парафираат директорот на Хидробиолошкиот завод Елизабета Велјаноска Сарафилоска и директорот на Музејот на езерото Бива, Тори Шинохара.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...