Турска делегација во посета на „Македонска пошта“ за услугата електронска трговија

Скопје, 16 јануари 2017 (МИА) - Делегација на Турската пошта предводена од директорот на Секторот за меѓународни односи Џандан Шенјуз денеска е во посета на „Македонска пошта“ со цел да се отпочне со воведување на услугата „електронска трговија“.
Претставниците од Турција се сретнаа со генералниот директор на Македонската пошта, Фаадис Реџепи, со кого разговараа за имплементирање на оваа услуга, а во текот на денешниот ден ќе имаат и неколку состаноци со претставници на службите на „Македонска пошта“.
Генералниот директор на „Македонска пошта“ истакна дека се подготвени за отпочнување на оваа услуга која ќе биде корисна за македонските граѓани.
Претставниците од Турската пошта ќе го посетат и Главниот центар за поштенски сообраќај ГЦПС Скопје 2, изменична пошта и неколку единици на поштенска мрежа.
Посетата на турската делегација следува по потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу генералниот директор на Македонска пошта, Фаадис Реџепи и генералниот директор на Пошта Турција, Кенан Бозгејик, во Истанбул во октомври 2016 година. Целта на Меморандумот е развој на електронската трговија, квалитет на услуга, поштенско - финансиски услуги, размена на информации и формирање на проектни групи помеѓу двете поштенски управи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...