ВМРО-ДПМНЕ: Загрижувачки состојбите со нерасчистениот снег по улиците во Центар

 ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски за проблемите со неисчистениот снег на улиците под надлежност на неговата општина.

- На Жерновски ништо не може да му го расипе зимувањето во елитните хотели и рекреативни центри во Бугарија, ниту комуналните проблеми на Општина Центар, ниту проблемите со неисчистениот снег на улиците под надлежност на неговата општина, ниту скандалозните трошења пари од буџетот на општината, изјави Јордан Ристевски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.

Тој го повика на одговорност Жерновски за неодговорно трошење на општинските пари.

- Доколку Општина Центар не трошеше 1,2 милиони евра за преуредување на две улички во вкупна должина од 370 метри, можеше подготвена да го пречека снегот во зима. Граѓаните на Центар ја видоа несериозноста и неодговорноста на Жерновски. Граѓаните на Центар на дело ја гледаат неспособноста на градоначалникот Центар да се справи со нивните потреби и проблеми, рече Ристевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...