Зголемен број интервенции поради замрзнати водоводни инсталации во Куманово

Куманово, 17 јануари 2017 (МИА) - Поради замрзанти водомери, цевки, инсталации, екипите на ЈП „Водовод“ Куманово дневно интервенираат од 35 до 45 пати, информираше денеска директорот на претпријатието Горан Стојковски.
Според Стојковски најчесто интервенираат во домаќинства каде што е непрописно поставена водоводно-инсталациона мрежа.
- Поради ниските температури доаѓа до замрзнување на цели вертикали во станбените единици, по станови, кој што во основа не е под ингеренција на претпријатието, но се обидуваме да им излеземе во пресрет на граѓаните во рамки на наши можности, изјави Стојковски.
ЈП „Водовод“ набави и две пумпи за испумпување од општинскиот кризен штаб со кои се исцрпува водата од поплавените подрумски простории.
- Ја користам можноста да апелирам до граѓаните да не пуштаат вода по 24 часа дневно, нешто што граѓаните го прават како превенција од замрзнување, бидејќи се троши вода како во најтоплите месеци од годината, додаде Стојковски.
Наспроти големата потрошувачка од 310 литри вода во секунда, сепак нема проблеми со водоснабдувањето. Стојковски нагласи дека редовно добиваат вода од водостопанство „Кумановско-Липковско поле“, додека на терен се дежурни екипи кои се во подготовка за да им помогнат на граѓаните, доколку имаат потреба од интервенции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...