Снежната покривка до утре ќе се зголеми и до 40 сантиметри

Скопје, 18 јануари 2017 (МИА) - Значително зголемување на снежната покривка, на повеќе места и за 20 до 30 сантиметри, најавува УХМР поради врнежите кои ќе бидат пообилни кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Најмногу вкупни врнежи ќе има на југот од земјава каде на места се очекуваат и над 40 cантимтери нов снег. Во Скопско се очекува висината на покривката да се зголеми за околу 15 до 20 сантиметри.
Како што информира УХМР, најмногу снег утрово има во Маврово, 69 сантиметри, а најмалку во Штип, еден сантиметар. Наврнати се четири сантиметри снег во Виница, пет во Претор и Прилеп, седум во Демир Капија, 10 во Крива Паланка, 13 во Струмица, 14 во Тополчани и Куманово, 16 во Скопје, 21 во Битола, 26 во Берово, 27 во Тетово, 29 во Крушево, 34 во Ѓуриште, 45 во Пожаране и 58 во Лазарополе.
Минималните температури се движат од -6 во Маврово, -4 Ѓуриште, Пожаране, Крушево, -3 Крива Паланка, Берово, Лазарополе, -2 Скопје, Куманово, Тополчани, Претор, -1 Тетово, Прилеп, 0 Демир Капија, Битола, Виница и Штип, еден Струмица, до два степена во Охрид, Гевгелија, Дојран.
За 24 часа наврнале еден литар на метар квадратен воден талог во Струмица, Прилеп, Штип, три во Тополчани, Тетово, Ѓуриште, четири во Скопје, пет во Лазарополе, шест во Пожаране, Битола, седум во Крушево, осум во Маврово, 10 Гевгелија и Дојран, 12 во Куманово и 14 во Демир Капија.
Моментно времето во Македонија е облачно со локални, претежно слаби врнежи од снег, а на крајниот југоисток со слаб дожд. Дува слаб до умерен ветер од северен правец.
До крајот на денот ќе се задржи облачно со врнежи од снег. Претпладне врнежите ќе бидат послаби и локални, а попладне почнувајќи од запад ќе се интензивираат. Најобилни ќе бидат кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните и јужните делови од земјава. Во крајните југоисточни делови врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен и североисточен правец, што ќе услови можна појава на снежни навеви. Дневната температура ќе биде во интервал од -1 до 4 степени.
Во Скопско облачно со повремени врнежи од снег, во текот на денот послаби, а пообилни кон крајот на денот и во текот на ноќта. Снежната покривка ќе се зголеми за околу 15 до 20 сантиметри нов снег. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде околу 1 степен над нулата.
Утре ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, пообилни во утринските, а на исток во претпладневните и пладневните часови. Во текот на претпладнето, почнувајќи од запад, врнежите ќе престануваат, а на истокот ќе се задржат до пладне и рано попладне.
Од петок се очекува стабилизација на времето со суво време и намалување на облачноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...