Средба на претседателот на СДСМ Заев со францускиот амбасадор Тимоние

Скопје, 18 јануари 2017 (МИА) - Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска се сретна со амбасадарот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние.
- На средбата е изразена заедничка согласност дека Македонија е исправена пред вистинска шанса да зачекори кон светла и стабилна евроатлантска иднина во интерес на граѓаните доколку продолжат демократските процеси во државата, се вели во соопштението од СДСМ.

Заев, според соопштението, рекол дека мнозинството граѓани побарале промени на изборите и оти сега е важно нивната волја да се преточи во институциите.

- Нашите очекувања се дека граѓаните ќе добијат нова и одговорна влада како што одлучија на изборите. Новата влада на граѓаните ќе биде посветена на реформските приоритети од извештите на Прибе и на Европската комисија, затоа што граѓаните на Македонија цврсто се определени кон европските вредности. Промените во Македонија се почнати, сега е потребно да се продолжи по вистинскиот пат, за достоинствен и квалитетен живот за сите граѓани во Република Македонија, едно праведно и правично општетство на еднакви граѓани, рекол на средбата Заев, кој потенцирал и дека за натамошниот напредок на Македонија е важна поддршката од пријателска Франција и од останатите земји поддржувачи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...