Објавен романот „Александар Македонски. Наследникот на власта“ од Нелја Гулчук

Скопје, 18 јануари 2017 (МИА) - Друштвото за издавачка дејност „Македоника“ од Скопје го објави романот „Александар Македонски. Наследникот на власта“ од руската писателка Нелја Гулчук, во превод од руски јазик на Ленче Тосева.
Овој роман на Нелја Гулчук е втор од нејзината трилогија за Александар Македонски. Првиот – „Тајната на Александар Македонски“ е веќе преведен и објавен на македонски јазик, исто така во издание на „Македоника литера“ (2014).
Во овој роман авторката ја раскажува приказната за Александар и за неговото царство преку призмата на еден од неговите најблиски пријатели, војсководецот Селевк, кој подоцна бил основач и управител на истоимената царска династија на Блискиот и Средниот Исток. Всушност, таа раскажува за периодот на последните години на владеење на големиот македонски владетел и на поделбата на големото македонско царство на неколку помали царства. По смртта на Александар Македонски во империјата почнала борбата за престолонаследник, во која главни соперници станале дотогашните соборци и пријатели на војсководецот Александар – Пердика, Антипатар, Лизи­мах, Антигон, Птоломеј, Селевк и др.
Гулчук раскажува подробно за текот на сложените и тајни перипетии на учесниците во судирите – довчерашните другари и соборци. Во сето тоа има и многу интриги и борбени и љубовни страсти – кои се покажале како главен инструмент во политиката... Всушност, Гулчук раскажува за еден период од историјата на античка Македонија, како нејзин добар познавач.
Сите три романи на Гулчук се обемни дела и се резултат на повеќе­го­диш­ни и темелни истражувања на авторката на животот и на походите на Александар Македонски и на историјата на античка Македонија. За најголемиот војсководец на сите времиња во светот се напишани многу историографски и повеќе белетризи­ра­ни дела, но податокот дека руската писателка Нелја Гулчук му посветила дури три обемни романа, сам по себе говори за нејзината голема посветеност во истражувањата и реконструирањето на животниот пат на творецот на моќната македонска империја – најголемата во историјата на човештвото, но и на историјата на самата македонска империја. Гулчук раскажува суптилно и непристрасно, а корис­теј­ќи прилично богата фактографија создала извонредни белетризирани приказни за широк круг читатели.
Нелја Алексеевна Гулчук (1941-2012) е руска писателка, филмски режисер и сценарист. Во 1972 година завршила факултет за филмска режија. Автор е на повеќе сценарија и режисер на повеќе музички, долгомет­раж­ни, играни и стереоскопски филмови. Добитник е на неколку меѓународни награди. Била член на Сојузот на кинема­тогра­фи­те на Русија.
Автор е на неколку историски романи, од кои посебно се издвојува трилогијата посветена на Александар Македонски со заеднички наслов „Александар Македонски. Цар над царевите“: „Тајната на Александар Македонски“, „Александар Македонски. Наследникот на власта“ и „Спасителот Птоломеј“, како и „Кру­на од трње, Катерина де Медичи“, „Кралот на Сонцето“ и „Бисе­рот на Валоа“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...