Алпинизам, планински, бањски, транзитен - најперспективни видови туризам во Македонија

Скопје, 21 јануари 2017 година (МИА) - Планински, бањски и транзитен, се трите видови туризам што во Македонија имаат голем потенцијал. Според туристичките работници, не се помали можностите и за развој на алпинизмот, пештерскиот, ловниот и религиозниот туризам.
Како што велат од Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора, доходовни можат да бидат и конгресниот, спортскиот и рекреативниот туризам.
- Кај нас моментно доминираат езерскиот и градскиот туризам со фокус на Скопје како културна дестинација. Но, согласно перспективите и можностите, планинскиот, бањскиот и транзитниот туризам се клучни и државата треба да се фокусира на нив зашто расположливите потенцијали во овој сегмент се големи, а не се доволно искористени, истакнува заменик-претседателот на Здружението Славе Сирачевски.
Македонија има пет до шест бањи кои биле активни во минатото, но сега, посочува Сирачевски, дел од нив се оставени на забот на времето.
- Кежовица во Штип е целосно руинирана, топлите води на Бања кај Кочани се користат за наводнување оранжерии, Катлановска бања инвестираше во модернизација, но се користи главно за лекување, не и за класичен туризам, Дебарски бањи имаат вложено многу, но инфраструктурата за да се стигне дотаму е исклучително лоша, а и Негорски бањи и Цар Самоил се користат единствено за лекување, нагласува заменик-претседателот на Здружението.
Во однос на транзитниот туризам, укажува, не е изграден ниту еден хотел по должината на Коридорот 10 или на други патни правци низ земјата каде минуваат странски гости. - Нема ресторан, преножувалиште, мотел,..., нема услови за одмор, ниту има менувачница некаде по патот, вели Сирачевски.
Додава дека Солунска Глава и Кораб се само некои од атрактивните врвови, а во Македонија има повеќе од 20 со над 2.000 метри надморска висина.
- Има услови, но не е развиен ниту ловниот туризам иако Јасен е одлична можност за тоа. Македонија не го разви на задоволително ниво и религиозниот туризам како Србија и Романија на пример кои се посветени на него многу. До Кокино, колку и да е значајно, се уште нема пристапен пат, нема ресторан, тоалет, соодветна реклама, оценува Сирачевски.
Ако земјава сака и има цел да ги оствари проекциите дефинирани во Стратегијата до 2021 година - туризмот да учествува со пет отсто во БДП, најпрво, сугерира Здружението, треба да се зголеми соработката меѓу државните институции и бизнис секторот во насока на заедничко креирање на политиките, да се спречи нелојалната конкуренција од т.н. „човек агенции“ и да се подигне свеста за хигиената како еден од основните постулати за развој на туризмот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...