Шеста ротација на словачки полицајци во Македонија

Скопје, 22 јануари 2017 (МИА) - Нова група од 25 припадници на полицијата на Република Словачка утре ќе пристигнат во Македонија. Ова е шеста ротација на полицајци од Словачка кои ќе бидат распоредени во областа на Битола и Меџитлија.

Словачките полицајци, врз основа на Меморандумот за разбирање помеѓу министерствата за внатрешни работи на Република Словачка и Република Македонија, спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, со цел превенција во областа на јавната безбедност и неовластеното преминување на државната граница.

Полицајците ќе бидат соодветно опремени со теренски моторни возила, термални камери и уреди за ноќно гледање. Мандатот на словачката полицициска мисија ќе биде 30 дена со можност за продолжување.

Словачка во 2016-та година има испратено вкупно 125 полициски службеници што, како што наведуваат во соопштението од Словачката амбасада во Македонија, е најголем придонес по глава на жител од осумте странски држави кои учествуваат во заедничките операции во Македонија.

- Помошта е израз на солидарност во решавањето на мигрантската криза и во контекст на неодамна завршеното словачкото претседателство во Советот на ЕУ, каде еден од приоритетите беше „одржлива мигрантска и азилска политика”, стои во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...