Иванов ги заврши консултациите со Беса и Алијансата за Албанците

Скопје, 1 февруари 2017 (МИА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска имаше одвоени средби со раководствата на Беса и на Алијансата за Албанците, како дел од консултациите со политичките партии за актуелната политичката состојба во Македонија и формирањето нова влада.
Лидерите на Беса и на Алијансата за Албанците, Билал Касами и Зијадин Села, по разговорите со Иванов не дадоа изјави за медиумите. Во претседателската вила „Водно“ попладнево шефот на државата треба да има средби и со лидерите на ДУИ Али Ахмети, на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

На консултации со претседателот Иванов, како што информираат од неговиот кабинет, биле поканети и претставници на ДПА.
Консултациите со политичките партии кои се застапени во Собранието на Република Македонија, се на иницијатива на претседателот Иванов, а следуваат по негобвите средби со претседателот на Уставниот суд Никола Ивановски и со шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар.
Иванов на вчерашната средба со претседателот на Уставниот суд истакнал дека досега постапувал исклучиво во рамки на своите права, должности и надлежности, почитувајќи го Уставот на Република Македонија. Претседателот посочил дека и во однос на актуелната ситуација ќе постапува во согласност со уставните одредби и исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...