Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Скопје, 2 февруари 2017 (МИА) - По повод Глобалниот ден на изборите, кој се оддржува секој прв четврток во февруари, Државната изборна комисија оствари работна средба со претставници од Граѓанската асоцијација МОСТ.
Средбата, како што соопшти ДИК, била во насока на проширување на соработката помеѓу ДИК и МОСТ, а на која Граѓанската асоцијација МОСТ на ДИК и ја предала на користење датабазата на одлуки и пресуди по приговори и тужби за изборите, претходно подготвена од страна на МОСТ.
Датабазата е изработена во форма на веб-страница (http://izbornapravda.mk) која ги содржи самите одлуки и пресуди во форма на документи во pdf формат, како и основни податоци за истите, како на пример изборен циклус, вид на приговор, избирачко место, одлука по приговор итн. По овие критериуми датабазата може и да се пребарува.
Датабазата е подготвена како дел од проектот „Патоказ кон слободни и фер избори“ спроведен од Граѓанската асоцијација МОСТ, а финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија, Британската Амбасада во Скопје, Националниот демократски институт (NDI) и Националниот фонд за демократија (NED).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...