ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да говори за справување со загадувањето

Скопје, 14 февруари 2017 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ да знаеле како да се справат со загадувањето тоа ќе го направеле во Куманово каде, како што велат од партијата, 27 години ја имаат локалната власт, а не е подобра и состојбата и во Струмица.
- Токму овие градови се едни од најзагадените во Македонија. Во Куманово на пример, СДСМ систематски кумуваше на сообраќајниот и урбанистички хаос и депониите кои секој ден се појавуваа среде град кои придонесуваат за загаденоста. Како што гледаме СДСМ и локалната власт во овој град не мрднаа со мал прст, затоа што не знаат и немаат конкретни решенија и мерки, се вели во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на соопштението на СДСМ во врска со квалитетот на воздухот.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека СДСМ лицемерно зборува за квалитетот на воздухот и за некаква наводна гасификација која ќе ја правеле по теркот на Струмица и Куманово, кога, како што потенцираат во соопштението, во овие два града постои само фиктивна гасификација од која граѓаните немаат никаков бенефит, нема поквалитетен воздух, туку само се злоупотребува за лични богатења на партиски функционери.
- Проблемот со квалитетот на воздухот се решава со мноштво мерки кои СДСМ нема капацитет да ги спроведе ниту на локално, а камоли на централно ниво, потенцира ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...