Над 10 милиони денари за неколку проекти во општина Василево

Нова маала, 21 февруари 2017 (МИА) - Општина Василево ја почна изградбата на нова спортска сала во населеното место Нова маала. Градоначалникот Ванчо Стојанов информира дека за оваа намена ќе го преадаптираат објектот на стариот дом на култура.

- Како што и најавивме почнуваме со реализација на проектите планирани за 2017 година. Од Буџетот на општината одвоивме 4 милиони денари за преадапртација на културниот дом во Нова маала, објект кој во иднина ќе им служи на учениците од ова место да ги одржуваат часовите по физичко воспитување, но и на рекреативците кои сакаат да спортуваат, рече Стојанов.

Тој истакна дека оваа инвестиција е дел од неколкуте проекти кои вкупно чинат 10,5 милиони денари.

- Локалната администрација распиша јавна набавка за избор на најповолен понудувач за изградба на две улици, во Висока Маала и во Анѓелци. Со самата набавка имаме распишано и тендер за изведувач за порамнување на школскиот двор во Висока Маала, по што ќе започнат активностите на Агенцијата за млади и спорт за изградба на кошаркарско игралиште, рече Стојанов.

Градоначлникот Стојанов најави и асфалтирање на улица во Нова маала во првата половина на 2017 година, а Василево дополнително издвои 10 милиони денари за патот Чанаклија-Нова маала, со изградба на крак улица во Чанаклија која со последната трета фаза ќе ги поврзе овие две населени места. Во втората половина на март ќе се гради и повеќенаменско игралиште во Добрашинци кое чини 3 милиони денари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...