Меѓународен ден на мајчиниот јазик одбележан во Битола

Битола, 21 февруари 2017 (МИА) - Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола во соработка со основните училишта „Коле Канински“, „Св. Кирил и Методиј“, „Ѓорѓи Сугарев“ и „Даме Груев“ го одбележаа 21 Февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик.
Претставникот на библиотеката „Св.Климент Охридски-Битола Илче Стојановски потсети дека Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е востановен од УНЕСКО на 30. сесија на Генералната конференција во 1999 година, а во 2000 година, 21 Февруари е промовиран како Ден на лингвистичката и културната разновидност и мултилингвизам.
- Јазикот е суштинскиот белег на идентитетот на секоја група или поединец, кој претставува хармонична поврзаност меѓу глобалното и локалното. Мајчиниот јазик е најголемата вредност за секоја нација. Јазиците се многу важни за постигнување на основните цели на образование за сите. Тоа е и исто многу важно и за промовирање на културната разновидност како и во борбата против неписменоста и во квалитетното образование кое вклучува предавања на мајчиниот јазик во почетните години на школувањето за секој да може да ги научи вредностите на својот јазик, кој го изразува идентитетот, рече Стојановски.
Во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици, но и многу јазици се исчезнати со што, како што рече, на еден начин тоа претставува бришење на идентитетот.
- Нашата земја е мала, но сепак имаме свој јазик кој го одразува нашиот идентитет во светот. Македонскиот јазик е сврзно ткиво за сите нас што живееме тука и тој не обединува да бидеме силна нација од луѓе што се разбираат меѓу себе, посочи Стојановски на свеченоста во Битола.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...