Комитет за имунизација: Вакцините согласно СЗО се транспортираат и чуваат на температура од 2 до 8 степени

Скопје, 22 февруари 2017 (МИА) - Вакцините се биолошки препарати кои согласно препораките на Светската здравствена организација се транспортираат и чуваат на температура од 2 до 8 степени Целзиусови (потребен студен ланец при транспорт на вакцините). Тоа е потенцирано и во тендерската документација каде од добавувачите задолжително се бара вакцините да бидат транспортирани до здравствените установи на температура од 2 до 8 степени Целзиусови.
Ова се наведува во реакцијата на Комитетот за имунизација при Министерство за здравство, во која ги демантира информациите презентирани во некои медиуми во однос на потребната температура при транспорт и чување на вакцините.
Со години наназад, се посочува во реакцијата, вакцините се транспортираат на оваа температура со задолжителен мерен апарат (логер) за следење на температурата при транспортот.
Исто така и во транспортната листа од производителот за пакетите во кои има спакувано вакцини, меѓу кои и БСГ е точно нотирано да не се замрзнуваат и температурата на чување и транспорт да биде од 2 до 8 степени Целзиусови. Напоменуваме дека станува збор за пратка на вакцини во која освен вакцина за БСГ, се транспуртираат и други вакцини за редовна имунизација на децата, кои се осетливи на смрзнување и задолжително е неопходна температура на транспорт од 2 до 8 степени Целзиусови, стои во реакцијата.
Од Комитетот апелираат стручните аспекти околу вакцините и имунизацијата да се остават на стручните институции, и да не се користат во политички цели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...