Италијанскиот амбасадор Ромео во посета на Куманово

Куманово, 22 февруари 2017 (МИА) - Амбасадорот на Република Италија, Карло Ромео денеска ја посети општина Куманово каде се сретна со градоначалникот на општината Зоран Дамјановски, со кого разговарале за различни прашања, особено за економски теми со фокус на италијанските инвестиции во општината.

- Во Куманово едни од поголемите инвестиции во минатите десетина години беа италијанските инвестиции, рече по средбата Дамјановски.

Тој истакна дека со амбасадорот Ромео разговарале и за образованието, културата, италијанскиот јазик, кој се изучува во неколку основни и средни училишта, за актуелните случувања во градот, етничките односи, културолошките разлики, како и за евроинтегративните процеси.

- Амбасадорот даде некои свои видувања за она што треба да се прави наредниот период, засилување на демократските процеси, стабилноста, безбедноста, а пред се, економскиот просперитет на државата и општината, изјави Дамјановски.

Амбасадорот Ромео истакна дека ова е негова прва посета на Куманово во чии рамки разговарале за локалните проблеми, италијанските инвестиции - сегашните, но и идните. Во тој контекст најави дека денеска ќе посети италијанска инвестиција во општината, како и гиманзијата во која се изучува италијанскиот јазик.

- Повеќе од 200 ученици во гимназијата го изучуваат италијанскиот јазик, тоа ни е многу драго и сакаме да ја продлабочиме соработката од секоја гледна точка за промовирање на италијанскиот јазик и култура и културната соработка, изјави амбасадорот Ромео.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...