Кучи - Шанави: Македонија има позитивен имиџ во Египет

Скопје, 23 февруари 2017 (МИА) - Можностите за соработка во областа на туризмот, енергетиката, трговијата и минералните суровини, беа главна тема на денешната средба на министерот за економија Дритон Кучи и делегацијата на Арапската Република Египет, предводена од амбасадорката на оваа земја во Република Македонија со седиште во Софија, Манал Џеина Ел Шинави.
Како што соопшти Министерството за економија, стана збор за можноста за поврзување на двете земји со чартер летови што би придонело за зголемување на бројот на туристите во двете земји, а заеднички е констатирана и потребата од организирање што повеќе Б2Б средби меѓу компаниите и туроператорите, како и промоции на туристичките капацитети во двете земји.
Министерот Кучи ја информира египетската делегација за туристичките потенцијали на Македонија, за одличните услови кои ги нуди на странските инвеститори, за енергетските проекти во кои би можеле да се приклучат и египетски компании.
Амбасадорката Ел Шинави, пак, истакна дека Македонија во Египет е позната како прекрасна земја со многу убави места за туристички посети.
Во рамки на делегацијата, беше и шефот за трговија на Египет за Источна Европа, со седиште во Букурешт, Абдел Рахман Рауф, како и политичкиот советник Мохамед Мохсен Амин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...