Претставници на „Херитиџ“ му го предадоа годишниот извештај на Димитриев

Скопје, 23 февруари 2017 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев денеска се сретна со директорот за трговија и економија на Фондацијата „Херитиџ“ и со менаџерот за истражување Антони Ким.
На средбата, како што информира владината прес- служба, претставниците на фондацијата „Херитиџ“ му го предале на премиерот Димитриев годишниот извештај за индексот на економските слободи според кој Република Македонија е рангирана на 31-то место во светот, во конкуренција на 186 држави и притоа го потенцирале континуираниот напредок што државата го бележи изминатите 10 години.
Премиерот Димитриев истакнал дека одличниот резултат на Република Македонија, според кој како држава сме лидер во регионот по индексот на економските слободи, претставува потврда за одличната работа на македонската Влада во изминатите 10 години во делот на економијата, подобрувањето на бизнис климата, даночната политика и постојаните реформи на националното законодавство.
Тој потенцирал дека покрај политичката криза, која е присутна во државата во изминатиот период, како и мигрантската криза со која сме се соочиле, сепак Македонија продолжила да се движи по трасираниот пат што е евидентно и со овој извештај, според кој Македонија бележи скок од 16 места во споредба со претходната година.
Премиерот Димитриев истакна дека Владата на Република Македонија и во следниот период ќе продолжи да работи на реализација на стратешките приоритети на државата како во сегментот на реформите и ЕУ и НАТО интеграциите така и од аспект на економските реформи и продолжување на континуитетот на намалување на невработеноста.
Директорот Милер истакнал дека 31-то место на Република Македонија во светот и 18-ото место во Европа претставува одличен напредок за државата кој се базира на големиот број спроведени реформи и на економската посветеност на Владата како од аспект на подобрувањето на целокупната регулатива, условите за бизнис и политиката на ниски даноци, така и од аспект на привлекување странски инвестиции и отворање нови работни места.
Потенцирајќи го одличниот раст на Република Македонија според индексот на економски слободи, Милер посочил дека како фондација во сите држави го претставуваат успехот и сработеното на Македонија како пример за успешен модел на раст и економски развој.
Соговорниците ја нагласиле значајноста и потребата од продолжување на фокусираноста на Владата и институциите на економските приоритети, поддршката на домашните компании, привлекувањето на странските инвестиции и отворањето на новите работни места.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Едно утро се шета Милошевиќ низ затворскиот двор во Хаг, А сонцето му вели:
- Добро утро хероју српски, миротворецу најголем, ослободителу наш... (овој се дуе ли се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога...
1492.- Кралската двојка на Шпанија (тогашна...
1790.- Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин,...
1894.- Роден е рускиот државник Никита Сергеевич...